349
По доаѓањето на Лионел Меси, францускиот клуб мора да продаде неколку играчи поради финансискиот фер -плеј.
„Ле Паризиен“ објавува дека Парижаните сакаат да ги продадат Јулијан Дракслер, Пабло Сарабија, Рафиња, Левин Курзава и Тил Керер. Нема место за нив на „Паркот на Принцовите“. Некои ќе одат на заем, а некои веднаш ќе бидат продадени за да го ослободат буџетот.
ПСЖ ова лето го донесе Хакими за 60 милиони, Переира за 16 милиони, а како слободни играчи пристигнаа Серхио Рамос, Вајналдум, Донарума и Меси.
Единствениот излезен трансфер беше заминувањето на Бејкер во Баер за седум милиони евра.