Раководството на Пари Сен Жермен е подготвено да понуди многу сериозен договор на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах за да го привлече.
Според францускиот новинар Ромен Годин, гигантите сакаат да го ангажираат крилниот напаѓач на лето.
ПСЖ е подготвен на 32-годишниот Салах да му понуди 3-годишен договор со плата од 500 илјади евра неделно.
Ливерпул од своја страна е подготвен да го продолжи договорот на египетскиот репрезентативец на две сезони со плата од 400 илјади евра неделно. Актуелниот договор на фудбалерот истекува на лето.
Мохамед Салах влезе во последните шест месеци од договорот со „црвените“ и сега е слободен да преговара со други клубови надвор од Англија. Правилата му дозволуваат да води разговори со тимови надвор од Премиер лигата, а во последниот месец од договорот со англиски тимови.