ПСЖ уште денеска може да се раздели со двајца фудбалери

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Голема е веројатноста Пари Сен Жермен до крајот на денешниот ден да се ослободи од двајца свои непотребни играчи. Играчот од средниот ред Жоржињо Вајналдум е на прагот на преселба во Рома, додека се дозна дека дефанзивецот Тило Келер ја прифатил понудата од Севиља.

Веќе извесно време се работи за преселба на Вајналдум во Рома, со првична позајмица со опција за откуп следното лето. Во моментов двата клуба треба само да се разберат кој колкав дел од платата на играчот ќе земе, со тоа што Парижаните бараат од Римјаните да го зголемат својот удел за уште 1 милион евра, објаснува Џанлука Ди Марцио.

Келер, пак, беше баран од Севиља и брзо се согласи да го засили тимот од Ла Лига, информира „Естадио Депортиво“.

Слични содржини