203
Париз Сен Жермен е заинтересиран за играчот од одбраната на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо, соопшти „Сан“.
Според информациите, парижаните се подготвени да платат 34 милиони евра за 27-годишниот дефанзивец.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо настојува Аргентинецот да остане во тимот, но преговорите за новиот договор на играчот се во застој.
Сегашниот договор со Рохо со Јунајтед е до 2019 година. Оваа сезона Аргентинецот одигра 10 натпревари за тимот во сите турнири и доби 5 жолти картони.