Пучистите во Нигер бараат помош од Вагнер

од Nikola Popovski
339 прегледи

Пучистите во Нигер, по воениот удар на крајот на јули, бараат помош од паравоената група Вагнер.

Во Нигер, претседателот Мохамед Базум беше уапсен на 26 јули од членови на претседателската гарда, а истата вечер армијата објави дека ја презела власта.

Васим Наср, еден од регионалните експерти на Центарот Суфан, изјави за Асошиејтед прес (АП) дека генерал Салифо Моди, заменик-претседател на Националниот совет за заштита на татковината (ЦНСП) кој ја презеде власта со соборување на владата во Нигер, се сретнал со претставници на Вагнер во Мали.

Наср изјавил дека Моди побарал од членовите на Вагнер поддршка против можна воена интервенција во Нигер.

Еднонеделниот рок што Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) и го даде на воената хунта во Нигер за ослободување и враќање на претседателот Базум истекува утре.

Малиските и француските медиуми објавија дека претставници на нигерската хунта се сретнале со претставници на Вагнер во Мали.

На 26 јули Базум беше уапсен од членовите на претседателската гарда, а истата вечер армијата објави дека ја презела власта. Абдурахаман Тчиани, командант на претседателската гарда на Нигер, се прогласи за шеф на преодната влада, два дена по соборувањето на Базум.

Водачите на блокот на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) во неделата воведоа тешки санкции против Нигер и ги повикаа водачите на државниот удар да го ослободат Базум во рок од една недела.

Многу западни земји почнаа да го повлекуваат персоналот од амбасадите и да ги евакуираат граѓаните од Нигер.

Слични содржини