Пуџдемон: Независноста не е единствено решение за кризата во Каталонија

од desk2
87 прегледи

Симнатиот од власт лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон вели дека е подготвен да прифати нова врска со Шпанија што не вклучува независност.

Во интервју за белгискиот весник Le Soir, 54-годишниот лидер заклучи дека „друго решение што не е независност е можно“, со што покажа дека ги омекнал своите позиции во однос на сецесија на неговиот шпански регион.

Пучдемон вели дека е подготвен да „ја прифати реалноста за некоја друга врска со Шпанија“ и дека како некој што долги години се борел за независност работел многу долго на изградба на таква врска, но „пристигнувањето на (поранешниот премиер на Шпанија Хосе Марија) Азнар на функција го спречил тој процес.“

Тој инсистира дека неговата партија е виновна за оживувањето на идејата за независност, укажувајќи на 2006 година која партијата повела легален предизвик против Каталонскиот статут за автономија, што беше одобрена од шпанскиот парламент, а потоа беше ратификувана од гласачите во Каталонија на референдум.

Покрај тоа, по четири години одложување, шпанскиот Уставен суд во 2010 година големи делови од статутот ги прогласи за неуставни или неприменливи. Тоа беше видено како студен туш во регионот на Каталонија и го притисна кон независност, што предизвика и големи протести во Барселона веднаш потоа.

Пучдемон во моментот е во егзил во Брисел, каде чека евентуална екстрадиција во Шпанија откако беше издадена европска потерница по него.