Во главниот кампус на Универзитетот во Вирџинија во Шарлотсвил денеска дошло до пукање. Според американските медиуми, три лица се убиени, а полицијата трага по напаѓачот.
Главниот кампус на Универзитетот во Вирџинија во Шарлотсвил е затворен по извештаите за пукање додека властите трагаат по осомничениот за кој се верува дека е вооружен и опасен, според полицискиот оддел на Универзитетот во Вирџинија.
The UVA Police Department is looking for Christopher Darnell Jones regarding the shooting incident that occurred on the grounds of the University of Virginia. Call 911 if seen, do not approach. pic.twitter.com/mKcxF6ksxw
— UVA Police Department (@UVAPolice) November 14, 2022
Според „Вашингтон пост“, загинале три лица.
Осомничениот, подоцна идентификуван од полицијата како Кристофер Дарнел Џонс, се верува дека е вооружен и опасен.