Пукање во Калифорнија: Најмалку шест лица загинаа, меѓу нив и бебе

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Најмалку шест лица загинаа денеска во престрелка во Гошен, округот Туларе, Калифорнија, а меѓу жртвите се и шестмесечно бебе и неговата 17-годишна мајка.

Канцеларијата на окружниот шериф соопшти дека пукањето се случило околу 3:30 часот по локално време, објави „Ројтерс“.

Злосторството се случило во станбен блок на патот Харвст, изјави за новинарите шерифот на округот Туларе, Мајк Будро, додавајќи дека има најмалку двајца осомничени во бегство.

Слични содржини