Пукање во Мисисипи, убиени шест лица

од Stefanija Kuzmanovska
133 прегледи

Портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Мисисипи, Бејли Мартин, изјави дека шест лица се убиени во престрелка денеска во Аркабутли, Мисисипи, во близина на границата со Тенеси.

Канцеларијата на гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, соопшти дека биле информирани за пукањето и дека осомничениот маж е уапсен, пренесува АП.

„Во овој момент веруваме дека дејствувал сам. Неговиот мотив не е познат“, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот на Мисисипи.

Слични содржини