Нападнат е полскиот конзулат во западниот украински град Луцк , пријавија локалните медиуми, повикувајќи се на сведоци, пренесе Ројтерс.
Нанесени се погодоци по покривот на конзулатот , како и прозорците.
Инцидентот се случил околу полноќ , според интернет страницата Волин24.
Нема повредени.
Од Волин24 укажуваат дека кон зградата е стрелано со ракетен фрлач или друго тешко оружје.
Вицеконсулот Кшиштоф Савицки потврди дека е стрелано врз зградата на конзулатот, но за среќа немало луѓе во ова крило.