Пукал на веселба – полицијата дома му нашла уште два пиштола без дозвола

од Берта Китинска
265 прегледи

„Полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Р.К.(50), од струшкото село Долна Белица. Тој, при семејна вербална расправија, испукал во воздух со пиштол, а при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа два пиштола марка „WALTHER” и „LUGER” и 55 куршуми калибар 9 милиметри. Истите се одземени, лицето е приведено на полициска станица и по целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, соопшти МВР.