172
МВР соопшти дека утрово во 02:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската oпшта болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен Н.М.(28) од Скопје со повреди од огнено оружје.
Според пријавеното, повредите му биле нанесени на бул. „Јане Сандански“ во Скопје. Н.М. како напаѓач посочил лице од с. Горно Оризари, Скопско.
Известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на настанот.