270
Двајца браќа на возраст од пет и десет години, како и еден маж (74), биле убиени во пукање во градот Ардеа во близина на Рим кога маж (35) пукал со пиштол.
Сите тие се жители на конзорциумот Коле Ромито во Ардеа, но не се познаваат едни со други.
Лицето кое пукало било окарактеризирано како ментално нестабилно и многу опасно, откако пукало кон децата што си играле и човекот кој таму возел велосипед. Тој се забарикадирал во куќата.
На социјалните мрежи, луѓето повикуваат граѓаните да не ги напуштаат своите станови.
Целата зона е изолирана и опкружена со полициски сили кои се обидуваат да стапат во контакт со него и бараат помош од неговата мајка.
Во тек е полициска акција, која се обидува да влезе во станот на осомничениот за убиството.