Актуелно
Почетна / Слајдер / Пукање во Чаир: Рането момче додека возел мотоцикл

Пукање во Чаир: Рането момче додека возел мотоцикл

Министерството за внатрешни работи информира дека момче се здобило со повреди на ногата откако непознат напаќач во него пукал со огнено оружје во Чаир.

– Утрово во 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Скопје едно лице пукало од огнено оружје кон 24-годишниот К.Т. од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени и подигнати шест чаури од муниција за пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.

loading...