Неколку лица беа повредени во пукање во областа Кројцберг во Германија, објави утрово локалната полиција.
Во пукањето што се случило во Берлин-Кројцберг нешто пред четири часот, неколку лица беа повредени.
Истрелите се слушнале недалеку од седиштето на СПД, Вили-Брант-Хаус.
Пожарникарите соопштија дека три лица се повредени и пренесени во болница. Но, според првите информации од полицијата, четири лица биле повредени, пишува „Билд“.