Најмалку едно лице загина, а четири се повредени во престрелка во црква во Лагуна Вудс, Калифорнија, соопштија властите.
Сите жртви се полнолетни, соопшти канцеларијата на шерифот.
Пукање се случило и на пазар во Хјустон. Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени.
– Пукањето се случило по расправија во која учествувале пет лица – наведуваат од кабинетот на шерифот. Двајца можни осомничени се приведени на местото на настанот, а третиот можен осомничен е пренесен во болница. Најмалку два пиштола се пронајдени, соопштија властите.
Еден ден претходно, 18-годишен белец уби десет и рани три лица во супермаркетот Топс во Бафало пред да им се предаде на властите, кои сметаат дека злосторството е расно мотивирано. Полицијата верува дека 18-годишникот, вооружен со автоматска пушка, дејствувал сам.
ФБИ, во меѓувреме, соопшти дека ќе го истражи неговото однесување како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“. Единаесет од 13 загинати или повредени се црнци, а супермаркетот Топс се наоѓа во населба во која живеат претежно црнци.