Пукање во трговски центар во Истанбул, повредени најмалку шест лица (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Најмалку шест лица, меѓу кои државјани на Азербејџан и Иран, се ранети во пукотница во трговски центар во Истанбул, пишува весникот „Сабах“.

Расправијата меѓу две групи луѓе во трговскиот центар „Сариер“ брзо прераснала во тепачка, а на крајот дошло до пукање, пишува весникот.

Во инцидентот се повредени шест лица, меѓу кои четворица државјани на Азербејџан, еден на Иран и еден на Турција. Целиот инцидент е снимен од надзорните камери.

Според првите информации, иранскиот државјанин бил само случаен минувач и не бил директно вклучен во конфликтот.

Еден од повредените е пренесен во болница во тешка состојба.

Слични содржини