Едно лице загина, а тројца се повредени во пукотница во близина на руско-абхазиската граница во регионот Гагра во Абхазија, соопштило тамошното Обвинителство.
„Според првичните информации, непознати лица отвориле оган врз автомобил и побегнале. Еден човек загинал, а три лица се повредени. Сите се локални жители“, пренесува агенцијата ТАСС.
Обвинителството не соопштува детали за идентитетот на сторителите и евентуално апсење.
Претставникот на Обвинителството додал дека состојбата на границата во моментов е стабилна. Медиумиот „Известија“ пишува дека причина за инцидентот е личен судир.
Министерот за внатрешни работи на Абхазија, Роберт Киут изјавил дека денеска околу 18 часот имало пукање на границата покрај реката Псоу.
„Сите учесници се ранети, а еден случаен минувач е убиен“, изјавил тој за РИА Новости.