Пукање на Врачар: Ранети две лица, едниот е македонски државјанин

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Во улицата „Максим Горки“ на Врачар синоќа во 19 часот и 40 минути е застрелан 26-годишно момче во бутот и со тешка повреда и обилно крварење е пренесен во Ургентен центар за реанимација, изјавиле за „Танјуг“ од белградската Брза помош.

Недалеку од местото на првиот напад, во улицата „Новопазарска“, истиот напаѓач пукал во уште едно младо момче на возраст од 21 година, кое се обидело да побегне и со прострелна рана во грбот бил пренесен во Ургентниот центар.

Како што наведе порталот N1, второто момче најверојатно е повредено од заталкан куршум.

Двајцата повредени од претходно ѝ биле познати на полицијата.

Акцијата Виор е на сила, а припадници на полицијата интензивно трагаат по сторителот.

Дваесет и едногодишното момче Д.Л. рането синоќа е македонски државјанин и тој најверојатно е случајна жртва на пукање. Во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а потоа со два куршума Д.Л. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет, пренесува „Мондо.рс“.

„Ранетиот Д.Л., неговиот другар го донел на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го скрил и повикал полиција и брза помош. Со ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максима Горки, кога се случило пукање пред една позната обложувалница“, навеле сведоци.

Слични содржини