225
Пукање пред кафеана во Охрид, стои во полицискиот билтен.
Синоќа 15 минути после полноќ, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од Охрид.
-Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на М.П, информираат од Охридската полиција.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.