Пукање во Арачиново: Обвинителството извршило увид, се бараат снимки од видеонадзор

Од ОЈО додаваат дека „ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видеонадзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“.

од Бети Божиноска
209 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје информираше попладнево дека во врска со денешното пукање кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со градоначалникот, дежурен јавен обвинител од извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења.

Од ОЈО додаваат дека „ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видеонадзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“.

Претходно, Министерството за внатрешни работи излезе со официјална потврда дека во СВР Скопје бил е пријавен инцидент во кој на влезот на село Арачиново, машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, кој бил заедно со уште неколку лица.

Во нападот се повредени две лица, но меѓу нив не е градоначалникот, а демантирани беа и информациите за повреден полициски службеник.

Слични содржини