217
Директорот на Универзитетската детска клиника во Тиршова за српските медиуми изјави дека таму примиле три деца по денешното пукање во белградско училиште.
Едно од нив е девојче, со тешки повреди на главата, кое е во критична состојба.
Лекарите ја оперираат, а операцијата се уште е во тек.
Останатите две деца се стабилно, примени се со прострелни рани, санирани им се повредите и се лекуваат со антибиотици.
Српското МВР веќе излезе со информации дека девет лица починале во пукањето во училиштето во населбата Врачар, од кои 8 деца и едно лице задолжено за обезбедување.