373
Во сараевската населба Брека вечерва дошло до инцидент кој наводно резултирал со пукање.
Од Оперативниот центар на МВР на кантонот Сараево за N1 потврдиле дека добиле пријава од граѓаните и дека патрола излегла на терен.
„Во моментов можеме само да кажеме дека имаме пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Имаме информации дека имало пукање. Патролата излезе на терен“, навеле кусо оттаму.
Сепак, според очевидци, се слушнале истрели, а полицијата и итната помош веднаш пристигнале на местото на настанот. Искршен е инвентар во кафулето, а едно лице наводно е повредено.