Три лица се убиени, а тројца се ранети во престрелка во неделата вечерта во дом во Анаполис, главниот град на Мериленд, соопшти полицијата.
Началникот на полицијата во Анаполис, Едвард Џексон, на брифинг за медиумите рече дека пукањето се должи на, како што рече, „меѓучовечки спор“ и дека нема понатамошна закана за јавната безбедност, како што е соопштено.
Тој изјави дека убиените се на возраст од 20 до 50 години, како и дека се уште не е утврден цврстиот мотив за пукањето.
Тој додаде дека истрагата е во тек, а полицијата се уште се обидува да утврди што точно се случило.
Голем број полициски автомобили биле забележани во станбена зона јужно од центарот на градот каде што се случило пукањето.
Во соопштението се вели и дека еден осомничен е во притвор, а властите пронашле оружје.