320
Во основно училиште во Лукавац, во Босна и Херцеговина, утрово ученик пукал во вработен во ова училиште и тој е во тешка состојба, дознава порталот „Аваз“.
Како што дознава порталот, нема повредени деца, пренесува „Српскаинфо“.
Престрелката се случила утрово околу осум часот.
Според гореспоменатиот портал, станува збор за поранешен ученик кој поради лошо однесување бил преместен од училиштето. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и побарал вработен во училиштето. Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за животот на жртвата.
Неофицијално, напаѓачот е уапсен.