ПУКАЊЕ во ПРИШТИНА: Убиено лице во македонски автомобил (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
904 прегледи

Едно лице е убиено синоќа во Приштина, соопшти косовската полиција.

Како што пренесуваат косовските медиуми, портпаролката на приштинската полиција, Флора Ахмети изјавила дека инцидентот се случил околу 20 часот, кога дошло до пукање.

„Полицијата излезе на местото на пукањето и според првите информации добиени од лекарот од Итната медицинска помош, потврдено е дека е пронајдено едно мртво тело на лице место“, рекла Ахмети во изјавата, која ја пренесоа приштинските медиуми.

Таа посочила дека полицијата продолжува со увидот, како и со дејствија за откривање и пронаоѓање на осомничените.

Дел од косовските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека застреланиот бил во возило со македонски регистарски таблички. Се додава и дека било употребено автоматско оружје (калашников) со калибар на куршуми од 7,62 мм.

Информацијата за македонски автомобил на местото на настанот ја потврдиле од „Индекс онлајн“.

-Жртвата Блерим Даци бил застрелан со огнено оружје околу 20 часот. Тој бил пронајден мртов во неговиот автомобил, кој бил со регистрација на Република Македонија, пишува порталот.

Слични содржини