Инцидент се случил во центарот на Брежице во попладневните часови. Според првичните информации на полицијата, во куќа има маж кој со себе има оружје.
Како што јави агенцијата СТА, повикувајќи се на сведоштвата на мештаните, имало и пукање.
Првите сознанија на полицијата покажуваат дека мажот е сам. Тие ќе можат да ѝ дадат повеќе информации на јавноста кога ќе завршат активностите на лице место или по завршувањето на истрагата.
Вооружениот напаѓач, наводно, прво пукал во воздух пред локалната аптека, а потоа се забарикадирал во куќа, според околните жители.
Полициските преговарачи преговарале со него подолго време, а од куќата наводно се слушале и пукотници.
Полицијата ги советува жителите да останат дома,
Градоначалникот на Брежице, Иван Молан, за СТА потврди дека сообраќајот во областа е затворен.
Според информациите кои кружат меѓу околното население, наводно се работи за локален жител, инаку поранешен полицаец.