Пукање во Тетово, едно лице загина

од Nikola Popovski
63 прегледи

Денеска во претпладневните часови дошло до пукање во Тетово, во населбата Блок 82. Според информациите, едно лице е починато, додека друго е повредено и е во тешка состојба.

Полицијата излегла на местото на настанот за да изврши увид.

Околностите и причините зошто дошло до убиството засега не се познати. Полицијата трага по сторителот, при што повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Според дел од медиумите, жртвата била застрелана со автоматска пушка.

Слични содржини