182
Рано утрово дошло до пукање во училиште во Ванта, Финска, при што се повредени неколку лица, а како што пренесуваат финските медиуми меѓу нив има и три деца.
Осомничениот е уапсен во брза полициска акција во близина на училиштето, се наведува во соопштението за печатот на финската полиција.
Исто така се наведува дека напаѓачот е малолетник.
„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да се држат подалеку од областа и да бидат во затворен простор. Вратите да не се отвораат за непознати лица“, се вели во полициското соопштение.
Тоа е училиште со повеќе од 800 ученици.