Според американските медиуми, масовно пукање се случило во Вилоубрук во сојузната држава Илиноис, а според неофицијални информации се претпоставува дека има повеќе од 30 застрелани.
Персоналот за итни случаи одговори на повикот во трговски центар по извештаите за истрели во толпа луѓе вчера вечер.
MASS SHOOTING in Dupage County. At least 25, were shot at an illicit street takeover in Willowbrook, near Chicago, Illinois.#MassShooting #Willowbrook #Illinois #IllegalStreetTakeover #MultipleCasualties #Breaking #LIVE
https://t.co/Er2kx7Y3ll— uz-AIR iqbal (@TheUzairIqbal) June 18, 2023
Голем број полициски патроли се лоцирани во близина на рутата 83, каде се пукало кон околу 200 или 300 насобрани луѓе, пренесува „Фокс њуз“.
На местото на настанот се пронајдени жртви со прострелни рани, иако засега не е јасен точниот број и степенот на нивните повреди.
Инцидентот останува под истрага.