Пукна НБА „бомба“, се случи најочекуваниот трејд годинава

од Nikola Popovski
391 прегледи

Она за што се зборуваше во НБА лигата веќе неколку недели е постигнато на последниот ден за трејдови, односно Џејмс Харден и Бен Симонс ќе ги заменат дресовите.

На Харден ќе му се исполни желбата да настапи во 76-ките во Филаделфија, а Пол Милсап со него ќе тргне во „градот на братската љубов“.

Од друга страна, во Бруклин ќе пристигне Сет Кари, како и Бен Симонс, со што ќе заврши една од најголемите сапуници во поновата историја на НБА лигата.

 

Слични содржини