334
Фудбалерите на Манчестер Сити денеска го совладаа Норич со 5: 0, во второто коло од Премиер лигата.
Тим Крул прво постигна автогол, а потоа стрелци беа Џек Грилиш, Ајмерик Лапорт, Рахим Стерлинг и Ријад Марез.
Тоа е прва победа на Сити, по поразот од Тотенхем на почетокот на сезоната.
Астон Вила со 2-0 беше подобар од Њукасл во Бирмингем.
Лидс и Евертон одиграа 2: 2, а Кристал Палас и новајлијата Брентфорд одиграа без голови.
Брентфорд е непоразен во првите две кола од дебитантската сезона во англиското првенство, по победата над Арсенал во првото коло.