Информациите дека има раздор меѓу Реал Мадрид и Лукас Васкез и дека Шпанецот ќе замине како слободен агент на лето на почетокот изгледаше изненадувачки, но човекот кој може да ја покрие целата десна страна на теренот едноставно не сака да се согласи со понудените услови, што го носи пред нов предизвик во кариерата.
Како некој што ја игра можеби најдобрата сезона во својата кариера, Васкез е барана „стока“ на пазарот, а мадридскиот весник „АС“ тврди дека прв во низата не е никој друг, туку Баерн Минхен. Во Баварија поволно гледаат на одлуката на Васкез да го отфрли предлогот на Реал за нов договор со десет проценти пониска плата од сегашната, што е клупска мерка за време на пандемијата, понудена на сите со кои се водат разговори за продолжување на соработката.
Агентите на Васкез не сакаат повеќе да размислуваат за потпис бидејќи сфатиле дека водечките луѓе на Реал се цврсти во нивната позиција дека нема да има покачување. Затоа почнале да слушаат понуди од страна, а Баерн засега е доста заинтересиран.
Имено, разговорите меѓу спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ и претставниците на Васкез се интензивираат во последните неколку недели, а „АС“ тврди дека тие дури и се придвижиле толку многу што се многу близу до постигнување договор. Иако сè уште не се случи истото, но, наводно, сè може да се реши во следните неколку дена.
За Баерн, Васкез ќе биде третото засилување за следното лето, а едвај сме на крајот на март! Даио Упамекано беше купен од Лајпциг по активирање на откупната клаузула од 42.500.000 евра, додека според германските медиуми талентираниот лев бек Омар Ричардс бил договорен од Ридинг, а таму се споменува сума од 15.000.000 евра, иако тоа е приближна цена.
Од придружбата на Васкез доаѓаат информации дека навистина му се допаѓа идејата за засилување на Баерн од лето. Би заиграл за уште еден европски гигант, актуелен освојувач на Лигата на шампионите и Бундеслигата, што значи дека момчето од Галиција нема да ги менува приоритетите во кариерата, односно нема да направи чекор назад.
Баерн верува дека доаѓањето на Васкез би бил целосен успех поради неговата разновидност, откако тој може да игра сè, од десен бек до десно крило, па затоа би бил сериозно силна конкуренција на Бенџамин Павар и Буни Сара, кои не е покажаа најдобро во Минхен. Покрај тоа, Баерн во текот на летото ќе остане и без Даглас Коста, кој ги покрива двете крила, па затоа се неопходни засилувања на десното крило.