Пукна тиквата помеѓу Трамп и неговите адвокати

од Nikola Popovski
344 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нагло ја прекина соработката со двајца клучни правни претставници, кои ги ангажираше да го бранат на судењето за отповикување на Сенатот, што ја уништи стратегијата за одбрана на неговиот адвокатски тим, пренесе Ројтерс.

Повикувајќи се на добро информиран извор запознаен со ситуацијата, агенцијата известува дека Бек Бауерс и Дебора Бербери, адвокати од Јужна Каролина „во договор со Трамп“ го напуштиле правниот тим, како и тројца други бранители.

Ројтерс дознава од друг извор во случајот дека поделбата се случила поради несогласувања околу стратегијата за одбрана меѓу Трамп и Бауерс, бидејќи поранешниот претседател сепак инсистира на тоа дека бил жртва на масовна изборна измама на последните претседателски избори.

„Напорите на демократите да се отповика претседател кој веќе го заврши својот мандат се целосно неуставни и се многу лоши за САД. 45 сенатори веќе прогласија дека тоа е неуставно“, истакна блискиот соработник на Трамп, Џејсон Милер.

Слични содржини