Пукна врската после 24 години: Данијела и Грашо се разделија

од Nikola Popovski

Пејачката двојка, која служеше како пример за љубов и почит, наводно веќе не живее заедно затоа што имало презаситеност, пренесува „Story.hr“.

Пејачот Петар Грашо и пејачката Данијела Мартиновиќ наводно раскинале по 24 години врска.

Најновите вести ја потресоа хрватската јавност, бидејќи сите се навикнати на двајцата на сцената, но и надвор од неа.

Ниту Петар, ниту Даниела не сакале да ја коментираат приказната за нивното раскинување, ниту пак ја демантирале.

Од друга страна, до пред два месеци, никој од нив не покажувал знаци дека ќе раскинат. Уште повеќе, што Даниела му го честиташе роденденот на Петар со емотивна порака на Инстаграм.

„Нека ти биде најсино… Нека ти биде море. Среќен роденден “, напишала пејачката под заедничката фотографија, која сè уште може да се најде на нејзиниот Инстаграм профил.

Да потсетиме, Петар и Мартина се запознаа во 1995 година на Дора во Опатија, а две години подоцна започнаа љубовна врска.

Слични содржини