„Пума“ го тужи брендот “Forever 21“ за копија

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Компанијата за спортска облека “Пума” поднесе тужба против американската марка Forever 21 по обвинение за плагијат.
Според тужбата Forever 21 намерно ги ископирале дизајните на дел од чевлите кои пејачката Ријана ги создаде специјално за спортскиот гигант.

Покрај тоа, тие се покажаа нелојална конкуренција бидејќи ги продавале по многу пониска цена од оригиналот (на пример пар велур крипери во “Топшоп” се 100 долари, во Forever 21 – само 25).

Како компензација од “Пума” бараа брендот веднаш да ги повлече од пазарот сите “позајмени” модели и да им се обезбеди целата добивка од продажба на нив досега. За момент “Пума” истакнува дека компензацијата важи само за 3 дизајна на чевли. Forever 21 сепак не се единствената марка, против која е подигнато обвинение за плагијат. Во моментов “Пума” води спор и против другата марка за младинска мода – “Топшоп”.