Пунктовите за вакцинација ќе работат и утре

од Берта Китинска
166 прегледи

Министерството за здравство инфомира дека пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден.

„Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден“, додаваат од таму.

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.

-Вчера вкупно се вакцинирале 15.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани.Вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 64% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.60% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.50% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, информира од МЗ.

Слични содржини