Purism Librem 5 -смартфон со Linux со цена на Galaxy Fold

од Vladimir Zorba

Во моментов има два проекти за Linux смартфони и еден од нив штотуку е објавен. Purism Librem 5 изгледа како уникатен модел, кој првенствено е направен целосно во САД. Секоја компонента е изработена во САД и покрај тоа добивате уред фокусиран на безбедноста и приватноста.

Друга карактеристика на Purism Librem 5 е неговата цена. Вреди 1999 $, што го прави скап како и еден друг екстравагантен модел – флексибилниот Galaxy Fold.

Компанијата која стои зад Purism Librem “ ветува дека ќе биде достапен во Q3 2020, но ова предизвикува загриженост, бидејќи некои се сомневаат дека овој краток рок ќе се испочитува. Покрај „американскиот“ модел, телефонот ќе има и поевтина стандардна верзија, чија премиера, сепак, еднаш веќе беше одложена.

Да се одвои 1999 долари за таков телефон не е само ризична инвестиција, туку е и огромен кредит на доверба за самата компанија, која ја опишуваат како неорганизирана и со внатрешни проблеми.

Слични содржини