Пушени свински гради со кромид и вино

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Состојки:
500 г пушени свински гради
3-4 големи глави кромид
2 лажици брашно
1 и ½ чаши црвено вино
црн пипер
сол
Подготовка:
Исечете ги на тенко пушените гради. Исечете го кромидот на парчиња и извалкајте го во брашното. Наредете го месото на дното на намачкана тава за печење. Покријте го со тркалцата кромид. Запечете во рерна на умерена температура додека кромидот малку се зацрвени. Потоа истурете со виното плус една чаша топла вода. Посипете еднакво со зачините. Намалете ја температурата на рерната и печете до целосното испарување на течноста.