Пушилин: Меѓународен трибунал во ДНР ќе им суди на затворениците од Азовстал

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Претседателот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин денеска изјави дека на сите припадници на украинските сили кои се предале во Азовстал ќе им суди меѓународен трибунал кој ќе биде основан во ДНР.

Пушилин за „Интерфакс“ изјави дека статутот на трибуналот се подготвува, додавајќи дека заробените припадници на украинските сили се на територијата на самопрогласената ДНР.

Последната група припадници на украинските сили во Азовстал им се предаде на руските војници на 20 мај, а Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили целосно ја контролираат таа поранешна челичарница во Мариупол.

Слични содржини