Телефонот работи со оперативен систем Андроид 6.0 и чини околу 91 долар.

Руската марка BQ го претстави првиот муслимански смартфон Belief, соопшти руското електронско издание Лента, цитирано од агенциите. Уредот може да одредува точно време за молитви и за тоа да ги информира.
На основа на тековната локација смартфонот на сопственикот му ја покажува најблиската џамија и ресторан со мени и “халал систем” (што одговара на исламските норми).
Во основните поставки на телефонот е вклучен Куранот, кој може да биде парен во текст формат или репродукција на аудио датотека, а секој стих од светата книга може да биде испратен и да се сподели на социјалните мрежи.
Смартфонот е со 5-инчен екран со HD резолуција, quad-core процесор со фреквенција 1,3 гигахерца, 1 гигабајт RAM и 8 гигабајти вградена меморија. Задниот капак на уредот е украсен со цртеж во арапски стил, а за екранот може да се избира помеѓу неколку слики на муслиманска тематика.
Телефонот работи со оперативен систем Андроид 6.0 и чини околу 91 долари.