Пуштен сообраќајот на автопатот Скопје-Велес по тешката сообраќајка

од Nikola Popovski
518 прегледи

Нормализиран е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес по вчерашната тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа три лица. Поради несреќата, сообраќајот на автопатот беше во прекин од 17:45 часот, а движењето на возилата се пренасочуваше по стариот пат меѓу Скопје и Велес.

„Досега е потврдена смртта на три лица, а петмина се пренесени за укажување помош во болница. На местото на настанот биле испратени полициски екипи и јавен обвинител“, соопштија од полицијата.

На местото на несреќата први помош укажале две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес.

Според податоците на АМСМ, поради несреќата беа блокирани двете коловозни ленти на автопатот Скопје-Велес.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини