Пуштен во употреба Ургентен центар во Клиничка болница Тетово

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничка болница Плумб Вела и Блерим Османи пресекоа црвена лента со цел на свечен начин да го означат почетокот на работа на Ургентниот центар. Овој Ургентен центар ќе биде место за третман на итни случаи кои досега се третирале во амбулантите на Интерното и Хируршкото одделение.

-Се пушта во употреба нов ургетен центар каде ќе се врши тријажа, а дополнително ќе го растерети интерниот дел каде сега лекарите во овој оддел ќе може да се фокусираат на хоспитализираните пациенти. Ургентниот центар опфаќа соба за интензивна нега, просторија за ЕКГ, за ЕХО, за мали хуруршки интервенции и слично. Отворањето на овој центар ќе значи издигнување на нивото на пружање здравствена заштита за граѓаните на Тетово и регионот. Во моментов се прават напори за обездување и зајакнување на дополнителна медицинска опрема, а паралелно работиме и на континуирано зајакнување и на кадарот со цел поголема ефективност. Планираме и дополнителна едукација на медицинскиот кадар по европски стандарди, рече министерот Фатмир Меџити.

Слични содржини