Пуштена од притвор фудбалерката на ПСЖ за нападот врз своја соиграчка

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Фудбалерката на Пари Сен Жермен, Амина Дијало е пуштена од притвор без обвинение, но француската полиција ја продолжува истрагата за нејзиното физичко насилство врз нејзина соиграчка, објави АП.

Диало и уште еден маж, засега неидентификуван, беа приведени на сослушување во средата за физички напад на нејзината соиграчка Хеира Хамрауи. Осомничените беа ослободени во четвртокот без обвинение, но истрагата продолжува.

„Екип“ открива детали за настаните што се случија вечерта на 4 ноември. Според изданието, тогаш три од фудбалерките на ПСЖ се враќале со автомобил по клупска забава. Една од нив била Дијало, која возела. Но, тие пречекани од двајца маскирани напаѓачи. Тие ја извадиле Хеира Хамрауи од автомобилот и постојано ја удирале со железни прачки по нозете.

Дијало е приведена затоа што се сомничи дека ги ангажирала дотичните напаѓачи да ја повредат нејзината соиграчка за да може 26-годишниот играч од средниот ред да игра за ПСЖ.

Хамрауи ова лето се врати во Пари Сен Жермен по престојот во Барселона.

Слични содржини