283
Од денеска повторно е во функција жичарницата до врв на Водно, информираше градоначалничката на Град Скопје, преку социјалната мрежа Фејсбук.
„ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичарата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичарници како и редовен технички преглед. Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б)“, напиша Арсовска на Фејсбук.