305
Денеска во употреба беше пуштен вежбовен објект – стрелиште за гаѓање со пиштол и автомат за 9 милиметарски калибар на муниција – во касарната „Илинден“.
Ова, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е уште еден конкретен и важен потег во насока на остварување поквалитетна обука и подготовка на полициските и воените специјалци.
Модерноста на објектот, неговите техничко-тактички перформанси, согласно европските и НАТО стандардите, специфично одбрани и реализирани, гарантира, според него, не само поинтензивна, туку и специјализирана обука на оперативно делување, со што се очекува натамошно зголемување на професионалните капацитети на овој вид единици.