Пустинска прашина од Сахара ќе ја зафати Македонија

од Nikola Popovski
2,4K прегледи

Според прогнозите на службата за мониторинг на атмосферата Коперник (ЦАМС), се очекува нов бран на сахарска прашина оваа недела повторно да стигне до југоисточна Европа и источниот Медитеран, вклучително и во Македонија. Бранот, кој се движи се до граничниот дел меѓу Косово и Србија, се предвидува да достигне врв денеска и утре со зголемена концентрација на крупни честички, ПМ10. Особено ќе бидат погодени земјите од југоисточна Европа и другите делови на источниот Медитеран.

Пустинската прашина која пристигна го прекри небото во неколку држави од регионот и во месец април, при што не ја одбегна и Македонија.

Сахарската прашина е мешавина од песок и прашина од Сахара, огромна пустинска област која го покрива поголемиот дел од Северна Африка. Силните ветрови креваат песок и прашина високо до небото, а кога ќе се подигнат од земјата, облаците од прашина можат да достигнат големи височини и да се пренесат низ светот.

Од УХМР информираат дека денеска времето ќе биде сончево и многу топло со локална појава на облачност. Во текот на ноќта и утре под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Слични содржини