Путин ќе се сретне со мајки на руски војници кои се борат во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин за неколку дена ќе се сретне со мајки на руски војници кои учествуваат во жестоките борби во Украина, објави весникот „Ведомости“, повикувајќи се на три неименувани извори од кабинетот на претседателот.

Русија, всушност, го слави Денот на мајката на 27 ноември, но Кремљ сè уште не објавил никаква средба меѓу Путин и мајките на војниците.

Слични содржини