Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сочувство за смртта на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, истакнувајќи дека тој во Русија ќе остане запаметен како доследен и принципиелен поддржувач на зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.
„Почитуван господине претседателе, ве молиме примете го нашето најдлабоко сочувство за смртта на истакнатиот италијански политичар Силвио Берлускони. Во Русија, Силвио Берлускони ќе остане запаметен како доследен и принципиелен поддржувач на зајакнувањето на пријателските односи меѓу нашите земји. Тој даде непроценлив личен придонес во развојот на заемно корисни руско-италијански партнерства“, се вели во пораката што Путин ја испрати до неговиот италијански колега Серџо Матарела.
Освен тоа, Путин истакна дека Берлускони му бил драг човек и вистински пријател, додавајќи дека искрено се восхитувал на неговата мудрост, способност да донесува далекувидни одлуки и дека, како што пренесува РИА, неговата смрт претставува непоправлива загуба.