923
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека за него приоритет е „специјалната воена операција“ во Украина.
Тој истакна дека е во постојан контакт со Министерството за одбрана, пренесе Ројтерс.
„Па, се разбира, и давам (нејзе) приоритет. Со тоа го започнувам денот и со тоа го завршувам“, рече Путин во разговор со новинар за програмата „Москва.Кремљ.Путин“ на телевизијата „Русија 1“, одговарајќи на прашањето колку време посветува на текот на, како што ја нарекуваат, „специјалната воена операција“.
Според него, тој има средби и разговори по телефон, пренесе РИА Новости.